Home Рецепти Лесно и вкусно: Млади компирчиња со кромид

Лесно и вкусно: Млади компирчиња со кромид

Доколку сакате млади компирчиња, денес ви предлагаме рецепт кој е многу вкусен и многу брзо се подготвува.

Потребни состојки:

– 500 грама млад компир
– 5-6 чешниња лук
– маслиново масло
– сол
– бибер
– лимон

Подготовка:

Купете млади компири со мали или средни димензии. Младиот компир не е потребно да го излупите, само убаво измијте го и пресечете на половини. Посолете ги компирите и додадете црн бибер и други зачини по вкус.

Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло, малку сок од лимон и сол. Измешајте ги сите состојки, додадете во тенџерето со компир и убаво измеšaјте. Кога компирите ќе го впијат маслото, готови се за печење.

Ставете ги во претходно загреана рерна и печете 45-50 минути или додека компирите не добијат убава златна боја и малку крцкава кора.

Овие компири може да ги служите како прилог со месо, или како главно јадење.

Пријатно!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

„Boy Kibble“: TikTok тренд кој сите го копираат – но дали навистина вреди?

Ако сте последниве денови скролувале на TikTok, големи се шансите дека сте наишле на новио…