Home Живот и здравје Дали е во ред да го бакнувате вашето домашно милениче?

Дали е во ред да го бакнувате вашето домашно милениче?

Дали е во ред да го бакнувате вашиот домашен миленик?

Кој не сака, после напорен ден, кога ќе влезе дома, да го бакне својот куче или мачка по муцката како знак на поздрав?

Иако изгледа слатко и убаво и едноставно не можеме да се одолееме на тоа, сепак не е здраво. Знаеме дека вашето куче и мачка се чисти и дека ги капете редовно, ги четкате и не давате да јадат секојашто, но истражувањата покажале дека овие бакнежи можат да пренесат бактерии кои се комплетно отпорни на антибиотици.

Дали сте се сега малку исплашиле? Не е само тоа…

Поради давање на антибиотици на милениците кога се болни или кога имаат некои ситни проблеми, се создала таква врста на бактерии кои најмногу и најчесто предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, а кои се пренесуваат преку фекалии и телесни течности.

Како тоа?

Знаете и сами дека нашите миленици од време на време се лижат „таму долу“, бидејќи тоа е нивниот начин на чистење. И бидејќи немаат навика да се избришат со тоалетна хартија (малку шега), не секогаш се толку чисти и во повеќето случаи им останува малку урина или фекалии кои ги пренесуваат во устата, а од нивната уста на нашето лице, раце или каде што веќе не згале. Исто така, едно поранешно истражување покажа дека бактериите од кучињата усти можат да предизвикаат и болести на непцата.

А вие како мислите за ова? Дали и понатаму ќе продолжите (ако досега сте го правеле) да се поздравувате со вашиот миленик на овој начин?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Утринска рутина за здрави црева: 4 чекори кои го подобруваат варењето секој ден

“`html Заборавете ги совршените Инстаграм утрински рутини со декоративно сложени пој…