Социјалните медиуми се општествена болест: Во ова се претворија „паразитите“ на модерното општество наречени „инфлуенсери/ки“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француска Инстаграм инфлуенсерка Океан Ел Химер објави фотографија на која се фали како лета во авион во бизнис класа.

„Следната станица – Монако. Летам цела ноќ”, напиша инфлуенсеерката Океан Ел Химер во објавата.

Но, интернет детективите наскоро пронајдоа фотографија на друг патник од истиот лет, на која се гледа како Океан седи во економска класа опкружени со бројни патници, фаќајќи ја во класична лага.

Тие ја препознале по облеката во која позира на нејзината фотографија, белата маичка со долги ракави што и виолетовата тренерка, пишува „NY Post“.

„Често велам дека социјалните медиуми се болест. Луѓето лажат за да привлечат внимание, а други сакаат да направат кариера од тоа”, коментира еден корисник на Твитер.

“Тоа е ментална болест”, “Ова совршено ја опишува денешната култура. Многу луѓе се преправаат дека се богати, модели или претприемачи”, се дел од коментарите.