Министерот Филипче апелира: Очекуваме мирно лето, но граѓаните и понатаму да бидат претпазливи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче, денеска оцени дека епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и дека засега нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Сепак, тој предупреди дека никој во светот не може да предвиди што точно ќе се случува со вирусот бидејќи тој во некои држави веќе е мутиран во повирулентен.

– Никој во светот во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи мутација која е позаразна од претходнте соеви и тоа се случува во светот. Важно е дека сега вакцините спречуваат од тешка форма на болеста и смртен исход. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација. Засега нема знаци на влошување на состојбата, оцени Филипче.

Министерот истакна дека е мноигуѕ важно и во наредниот период грѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките кои се во сила со цел да го заштитат своето здравје.

-Маските се секогаш тука, кога има групирање иако не е задолжително, не е лошо тие да им бидат при рака и да ги стават. Сепак, се работи за заштита на нивното здравје, рече Филипче.