Голи, профитерски бројки: Еве колку заработија приватните клиники за време на коронавирус пандемијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Статистичкото истражување на порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. кое прикажува колку заработиле приватните болници во корона кризата во прилог подолу.

Ако ја анализираме серијата во последните три години, се забележува дека од година во година се намалува разлика која постои помеѓу овие два субјекти. Ако во 2018 вкупните приходи на „Аџибадем Систина“ беа за 2,2 пати поголеми во однос на „Жан Митрив клиника“, таквата пропорција во 2019 се намалила на 1,8 пати, додека во 2020 година трендот е продолжен и сега таа разлика е 1,5 пати. Ова е правопропорционално со остварените поединечни стапки на пораст. Имено, „Жан Митрев клиника“ преку своето успешно работење остварува стапки на пораст на приходи од околу 30%.

Сепак, во апсолутни бројки доминантен играч на пазарот е „Аџибадем Систина“ со остварени приходи во износ од 41 милиони евра.

Сосема поразлична слика за работењето на компаниите се добива доколку се анализираат низ призмата на остварените добивки, односно нивото на приходи не го следи трендот на остварена добивка. Еве што покажуваат податоците од biznismreza.mk.

Од горе прикажаната табела, може да се забележи дека и покај тоа што „Жаб Митрев клиника“ има пониски приходи, во однос на „Аџибадем Систина“ остварената добивка е далеку повисока. Во 2020 година „Жан Митрев клиника“ евидентира добивка во износ од 8,1 милиони евра. Во апсолутен износ тоа е за 2,2 милиони евра повисока добивка од „Аџибадем Систина“, која остварила профит од 5,9 милиони евра. „Жан Митрев клиника“ во 2020 година успеал да ја удвои добивката од 2019 година.

Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони евра.