Соработка помеѓу Мекларен и Ричард Мил: Луксузен часовник од речиси еден милион долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Партнерската соработка помеѓу компанијата за производство на луксузни спортски автомобили Мекларен и производителот на часовници Ричард Мил резултира со нов скап часовник вреден скоро еден милион долари.

Станува збор за модел RM 40-01 Automatic Turbilon McLaren Speedtail, чија цена е нешто повеќе од 821.000 евра.

Познато е дека цената на хиперавтомобилот на Мекларен е повеќе од 2,25 милиони долари, без дополнителни опции и персонализација, па не е ни чудо што некои копии се продаваат за повеќе од 3 милиони долари.

Дизајнот на часовникот е инспириран од моделот на возилото Мекларен Speedtail, односно некои делови од неговото тело.

“Кога станува збор за RM 40-01, зедовме предвид некои од карактеристиките на автомобилот и филозофијата што стои зад него. Така, часовникот следи многу детали на Speedtail кога станува збор за неговиот бескомпромисен дизајн и материјали”, рече Роб Мелвил, директор на Мекларен Дизајн.

“Часовникот го има едно од највисоките нивоа на завршна обработка што некогаш е направено во Ричард Мил. Исклучително внимание е посветено на деталите, а самиот механизам е направен од 69 делови”, изјави техничкиот директор на компанијата, Ричард Мил.

Компанијата анализирала пет прототипови за да излезе со најдобриот дизајн.

Ќе бидат произведени само 106 примероци за да одговара на бројот на модели на Speedtail, кои Мекларен има намера да ги произведе.