Понеделничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот понеделник во Македонија носи сончево и топло време со умерена облачност.

Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени. Маврово 16, Охрид 21, Битола 26, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 28, Дојран 29.

Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.