Детски будалаштини: Снимајќи видео за на ТикТок, запалиле 200 тони слама (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Две девојчиња од Русија на 14-годишна возраст запалиле речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале се да направат видео за ТикТок.

Полицијата во раните утрински часови соопштила дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата.

195 тони слама изгореле во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Двете ученички избегале откако не успеале да се справат со гаснењето на пожарот. По кратко време, тие признале на полициските службеници дека снимале видео за ТикТок кога се случил инцидентот.

Властите им соопштиле на девојчињата дека освен што предизвикале голема штета, ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да го снимат видеото.