Home Шоубизнис Највозрасниот диџеј на светот стави крај на неговата кариера

Највозрасниот диџеј на светот стави крај на неговата кариера

Највозрасниот диџеј на светот, 96-годишниот Реј Кордеиро ја направи својата последна радио емисија ,каде што бил водител над седум децении, објави БиБиСи.

Реј Кордеиро им се заблагодари на слушателите и ја заврши својата емисија „All The Way With Ray on Saturday Night“.

“Па тоа е тоа. Ви благодарам многу што се вклучивте во програмата, збогум, ви благодарам што бевте тука”, рече диџејот, познат како чичко Реј.

Неговата програма се емитува на јавниот сервис РТХК во Хонг Конг од 1970 година.

Тој е познат по својот баритон, капа и плејлиста, а во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како диџеј со најдолг стаж во светот.

Кордеиро, кој е роден во Хонг Конг и има португалско потекло, во неодамнешното интервју истакна дека тој е „најсреќниот човек на светот“.

„Правам што сакам, го сакам она што сакам да го сакам и мислам дека не жалам за ништо“, изјавил тој за РТХК.

Во динамичната 72-годишна кариера, тој се сретнал со некои од најголемите sвезди, како Битлси, Клиф Ричард и Тони Бенет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …