Home Вебкафе Со ваков крш возел стотици километри низ неколку сојузни држави во САД

Со ваков крш возел стотици километри низ неколку сојузни држави во САД

Субару е едно од посигурните возила што ретко се расипува. Тие нема да се предадат дури и по помали сообраќајни несреќи, а понекогаш возат дури и по голема несреќа. Ова најдобро го покажува фотографијата објавена од полицијата во Монтана,САД.

Имено, таму патролата запрела Субару, што веќе оддалеку се гледало дека е многу оштетен. Сепак, она што го изненадило полицаецот било целосно скршеното стакло. Стаклото било целосно здробено, а возачот, ризикувајќи повреда од искршените парчиња стакло, можел да гледа на патот само низ мала дупка во стаклото,а освен тоа носел очила.

И, тука изненадување не е готово, затоа што возачот изјави дека возел така низ неколку сојузни држави, минувајќи стотици километри. Непотребно е да се каже дека автомобилот веднаш бил отстранет од сообраќај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…