Се разведуваат на тивок начин и без драми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раперот Канје Вест, во рамки на бракоразводната парница која ја водат со Ким Кардашијан, бара заедничко старателство над четирите деца кои ги има со „старлетата“, која неодамна поднесе барање за развод, објави ТМЗ.

Ким (40) во февруари поднела барање за развод од 43-годишниот рапер, а судските документи покажуваат дека таа исто така барала заедничко старателство над нивните деца; Норт (7), Саина (5), Чикаго (3) и Псалм (1).

Парот не бара брачна поддршка еден од друг, и покрај тоа, Вест сака тие да сносат одговорност за нивните правни трошоци.

Page Six минатиот месец напиша дека парот не е во најдобри односи, иако заедно ги чуваат децата. Вест, наводно, побарал Ким да не биде во домот што го делеле кога ги посетувал децата, а тој исто така го сменил бројот и и рекол дека може да контактира само преку неговото обезбедување.

Според предбрачниот договор, секој од сопружниците ќе ги задржи своите пари. Двојката е во брак шест години.