Home Шоубизнис „Пост-ковидниот“ хит на Џегер и Грол

„Пост-ковидниот“ хит на Џегер и Грол

Рок иконите Мик Џегер и Дејвид Грол ги здружија своите музички енергии и создадоа „пост-пандемиска химна“. Се работи за песна којашто се однесува на контроверзиите што ги среќаваме во ерата на ковид-19, карантини, маски, Тик-ток, Зум и анти-вакцина движења.

– Сакав да ја споделам оваа песна што ја напишав по повод излегувањето од изолација, со толку посакуван оптимизам. Дејв, ти благодарам што ги зеде за тапаните, басот и гитарата, беше забавно да работам со тебе на овој проект. Јас се надевам дека сите ќе уживаат во тоа… Во песната „Eazy Sleazy”, изјави прославениот пејач на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер (77).

Дејв Грол (52) е американски рок-музичар, пејач и текстописец, а својата кариера ја започна во 1980-тите во рок-бендот „Скрим“, а потоа и како тапанар во славната „Нирвана“. По смртта на пејачот на „Нирвана“ – Курт Кобејн, Грол ја основа групата „Фу фајтерс“ и соработува со многу други познати музичари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …