Со солзи се прости од Ал Сад – Чави од џеб ќе плати 2,5 милиони евра за да се врати во Барса како тренер


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Официјално е потврдено – Чави се враќа во Барселона. Во текот на денешниот ден потврда за тоа стигна и од катарскиот клуб Ал Сад.

Ал-Сад објави дека Барселона ќе ја плати откупната клазула за Чави од пет милиони евра. Сепак, половина од таа сума ќе плати самиот Чави. Барселона поради финансиската ситуација не била во можност да ја плати целата сума па пронајден ваков компромис.

Според договорот Барселона тие 2.5 милиони евра на Чави ќе му ги враќа преку разни бонуси во иднина.