Фејсбук статус на Царовска: Со оставката од Заев престанува мандатот на целото партиско раководство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Досегашната потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство.

„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата.

Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, рече Царовска.