Со рекордни 6 Златни топки – тој е THE GOAT во светскиот фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера вечер, во Париз, беше одржана церемонијата за доделување на Златната топка за 2019 година, која по рекорден шести пат заврши во рацете на Лионел Меси.

Лионел Меси ја освои шестата Златна топка како и што се најавуваше. Аргентинецот славеше пред ван Дајк и Кристиано Роналдо.

Со шест Златни топки е рекордер. Претходно оваа награда ја добиваше во: 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015.

Меси го доби трофејот од рацете на Лука Модриќ, откако минатата година Хрватот успеа да го прекине владеењето на Меси и на Роналдо, кои една деценија ги делеа „Балон д’ор“ наградите меѓу себе. Со трофејот, Меси може да се пофали како The Greatest of All Time (GOAT), или најдобриот на сите времиња, бидејќи останува со еден трофеј пред Роналдо.

Мала сенка на доделувањето на наградата беа „протечените“ информации дека наградата е во рацете на Меси, што предизвика самиот Роналдо воопшто да не присуствува на гала-церемонијата во Париз, посебно лут што е дури зад Ван Дајк.

Номинирани за „ЗЛАТНА ТОПКА“ 2019 беа:

1.Лионел Меси (Аргентина, Барселона)

2.Виргил ван Дајк (Холандија, Ливерпул)

3.Кристиано Роналдо (Португалија, Јувентус)

4.Садио Мане (Сенегал, Ливерпул)

5.Мохамед Салах (Египет, Ливерпул)

6.Килијан Мбапе (Франција, Пари Сен-Жермен)

7.Алисон Бекер (Бразил, Ливерпул)

8.Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен)

9.Бернардо Силва (Португалија, Манчестер сити)

10.Ријад Марез (Алжир, Манчестер сити)

Роналдо кој вечерва не се појави во Париз остана на пет, а по три пати оваа награда ја освојуваа Платини, Кројф и Марко Ван Бастен.