Синоќа двајца уапсени во врска со пукањето во „Александар Палас“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од МВР вчера вечерта официјално ја потврдија информацијата дека во полициска акција биле приведени две лица кои биле поврзани со вооружената престрелка во ресторанот од скопскиот хотел „Александар Палас“. Од МВР не сакаат да соопштат повеќе детали, коментирајќи дека во тек е опсежна полициска операција, пренесува Макфакс.

„Изминатото деноноќие полицијата превзеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Александар палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.

Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје.

Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Во вооружениот инцидент кој се случи завчера во хотелот „Александар Палас“, според официјалните информации кои ги пренесоа од МВР, додека во хотелскиот ресторан седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.