Облачен и дождлив вторник со снег на планините


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот декемвриски вторник во Македонија носи претежно облачно време. Ќе има појава на врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од четири до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до пет Целзиусови степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 4, Охрид 9, Битола 5, Кавадарци 8, Крива Паланка и Берово 4, Дојран 10.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.