Славни

Скарлет Јохансон ја ремети Иванка Трамп (видео)

Во фокус на последната епизода од култната емисија Saturday Night Live беше Иванка Трамп, која совршено беше одглумена од страна на Скарлет Јохансон.

Јохансон ја имитираше ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, популарната Иванка, во краткиот скеч кој беше пародија на рекламата на Иванка за парфем.

„Таа е убава, таа моќна, таа е соучесничка“, вели Јохансон во рекламната пародија за лажниот парфем Complicit (соучесничка) и ја обвинува Иванка за лицемерие.

Во продолжение на рекламата, Скарлет вели дека Иванка е жена која може да го промени сето тоа, но не сака.

Јохансон и претходно, во 2007 година, ја има имитирано Иванка, исмевајќи ја нејзината разгаленост.

To Top