Расплакана, во притвор: После порно филмот, ќерката од Лоренс Фишбурн продолжува со скандали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишната Монтана Фишбурн, најстарата ќерка на холивудскиот актер Лоренс Фишбурн, беше уапсена минатата сабота во близина на својата куќа на Флорида, откако полицијата го запре возилото со кое управуваше таа.

Против ќерката на ѕвездата од The Matrix беа подигнати три обвиненија поради возење под дејство на забранети супстанци, возење под дејство на алкохол и поради предизвикување на материјална штета за време на возењето, пренесува Daily Mail.

Полицијата ја запре Монтана, која живее во Форт Лодердејл, во раните утрински часови, во близина на патот I-95, на јужна Флорида. После приведувањето, таа ноќта ја помина во притвор. После апсењето, ќерката на Лоренс долго плачела, што се гледа и на фотографијата направена за полициското досие.

Монтана, истиот ден, во попладневните часови била пуштена од притвор со кауција од 2.500 долари. Доколку биде прогласена за виновна, ќе биде под закана од казна затвор од три години.

Монтана се пресели на јужната страна од Флорида во 2014 година, после кратката кариера како порно актерка, која ја започна како 19-годишна девојка. Сними порно филм со повозрасен маж, велејќи дека сака да стане следанта Ким Кардашијан.

Беше одлучна да остане во порно индустријата, но славниот татко успеа да ја тргне од таа бранша.