Милевски ги соопшти списоците: Сефери рече дека сака да игра, но сега на одговара на повици!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, ги објави списоците на играчи за контролните натпревари против Црна Гора и Бугарија.

Младата македонската фудбалска репрезентација со дуелите против Црна Гора и Бугарија започнува со подготвките за настап на Европското првенство.

„Ова ќе биде последната проверка на потенцијалот за одредени фудбалери. Некои од нив немаат доволна минутажа во клубовите, а некои се дури и без клубови. Овој натпревар ќе биде шанса за нив да покажат дека имаат квалитет за настап во репрезентацијата“, рече Милевски.

Селекторот упати повик и фудбалерот на Јанг Бојс Туалант Сефери, иако тој често изјавуваше дека неговата намера е да игра за Албанија.

„Јас телефонски се слушнав на 15 февруари со Таулант Сефери и тој ми потврди дека е расположен и сака да игра за Македонија. Јас сметам на него и го ставив во списокот, бидејќи ние не може да си дозволиме лесно да се откажеме од фудбалери со оглед дека немаме голем избор. Поканата е испратена како до играчот, така и до клубот, но се уште немаме одговор. Јас во изминатата седмица пробав да стапам во контакт, исто и менаџерот на У-21 репрезентацијата, но засега немаме повратна информација“, појасни Милевски.