Home Спорт Скајспорт пренесува: Луис Хамилтон и Серена Вилијамс „си влегуваа“ во Челзи

Скајспорт пренесува: Луис Хамилтон и Серена Вилијамс „си влегуваа“ во Челзи

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, и славната тенисерка Серена Вилијамс ќе вложат десетици милиони фунти како помош за Мартин Брогтон да го купи фудбалскиот клуб Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

Двајцата ќе инвестираат по 10 милиони фунти, а конзорциумот е предводен од поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш Ервејс, Мартин Брогтон.

Челзи е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович од 2003 година, но британската влада му го одзеде откако во февруари започна руската воена инвазија на Украина.

Вредноста на клубот се проценува на 2,5 милијарди, а секој што сака да учествува во наддавањето за него мора да гарантира инвестиција од најмалку една милијарда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…