Сите да се огледаат на Меси: Еве каков подарок им побара на гостите за свадбата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меси денес ја прави журката на својот живот. Во Буенос Аирес тој ќе се венча со својата долгогодишна партнерка Антонела Рокузо.

Меси и Антонела се во врска од тинејџерски години, кога уште беа клинци, а имат и две деца. Се познаваат уште од времето кога имаа по пет години, но кога Лео замина во Шпанија, во 2000 година, се слушаа по телефон и така одржуваа контакт. Сепак, наскоро после него, и Антонела замина за Шпанија и така ја почнаа врската.

Mundo Deportivo, каталонскиот дневен спортски весник, со големо внимание ја следи венчавката на каталонскиот идол и идол на навивачите од Барса. Тие пренесуваат дека во аргентинската престолнина пристигнале сите бивши и сегашни соиграчи од Меси на кои сигурно не им е проблем да потрошат неколку илјади евра за подароци на брачниот пар.

Но, пазете сега. Меси сите поканети гости на свадбата ги замоли парите, наместо на глупости, во име на венчавката, да ги донираат на неговата фондација за помош на деца. На најголемиот ден во животот на Меси околу 260 гости од цел свет, меѓу кои и Чави, Пујол, Ди Мариа, Суарез, Нејмар, Бускетс, Алба, Габи Милито, Агуеро и други, ќе ја направат една од најславните журки на денешницата.