Сисињо за неспортскиот живот: „Пушев само кога пијам, но проблем беше што пиев секој ден“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Сисињо некогаш беше голема надеж на РеалМадрид, но не успеа да ги оправда очекувањата на „Сантијаго Беернабеу“.

Сисињо вниманието на себе го сврте во дресот на Сао Поло, а на почетокот на 2006 стигна во Реал Мадрид како големо засилување. „Кралевите“ тогаш се сметаа дека Сисињо ќе биде достојна замена за легендарниот Мичел Салгадо.

На крајот Бразилецот апсолутно разочара, одигра 26 натпревари и постигна два гола и веќе летото 2007 година го напушти клубот и премина во Рома каде што беше под договор до 2012 година, но поголемиот дел од времето го помина на позајмици.

Сисињо имаше голем проблем со неспортскиот живот.

„Започнав да пијам кога имав 13 или 14 години додека уште бев во Ботофаго. Ми кажаа дека пивото е добро. Кога почнав да пијам не престанав сè до пред неколку години. Скоро 20 години бев на алкохол, пиев и по 10 пива дневно. На почетокот едвај имав пари за јадење затоа што секогаш морав да имам пиво. Кога потпишав за Атлетико Минеиро почнав да пијам сè. Во тоа време започнав и да пушам, конзумирав цигари од 1999 до 2010 година. Пушев само кога пиев, но проблемот беше што пиев секој ден“.

„Бог ми даде талент, но јас не знаев да го искористам на вистински начин. Кога бев во Рома не чувствував задовлоство и возбуда кога ќе излезев на терен, тоа беше очаен период од мојата кариера“.

Се променил кога ја запознал својата сопруга Маријана.

„Таа е причината поради која престанав да пијам и ми помогна да се променам. Пред неа трошев пари на сè и сешто, но таа ме научи да се контролирам. Сега таа управува со банкарските сметка и сигурен сум дека тоа беше најдобрата одлука која ја донесов во животот. Вложив пари во некои добри работи. 80% од парите ги давав на татко ми да ги вложи паметно. Му благодарам на Бог, сега сум во добра финансиска ситуација“, изјави Сисињо.