Скоро по 5.000 евра бонус за секој вработен во Фолксваген


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот автомобилски гигант Фолксваген ја одреди висината на годишните бонуси за своите вработени кои ќе им ги исплати како награда за сработеното и постигнатите резултати благодарение на нивниот придонес во изминатата 2019 година.

Иако на глобално ниво автомобилската индустрија доживеа пад во 2019 година, Фолксваген успеа во истиот период да забележи раст на продажбата. Зголемувањето од 2,6 отсто можеби не е импресивно, но е сосема задоволувачко во време кога главните конкуренти запишаа „минус“.

По сумирањето на бизнис резултатите, компанијата од Волфсбург ги одреди бонусите кои ќе им ги исплати на своите работници за 2019.

Така на вработените во најголемата европска автомобилска компанија, покрај редовните примања, на сметките ќе им бидат уплатени и по 4.950 евра, соопштија од Фолксваген.