Силувањето на Марија Шнајдер во „Последното танго во Париз“ било вистинско (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Последното танго во Париз“ многумина го сметаат за еден од највлијателните и најконтроверзните филмови на минатиот век.

Остварувањето на Бернардо Бертолучи од 1972 година е сирово прикажување на сексуалното насилство и емотивната манипулција, а при премирата американските законодавци го натерале режисерот од филмот да ги исфрли најшокантните сцени. Здружението на американските филмаџии МПАА (Motion Picture Association of America) на филмот му додели ознака Х, онаа што се доделува на филмовите со експлицитни сцени на секс, насилство и слично.

Уште во 2007 година актерката Марија Шнајдер во своето интервју за „Дејли мејл“ изјави дека при снимањето контроверзната сцена на силување се чувствувала „малку силувано“, но како што сега се испоставило, нејзиното чувство било и тоа како реално.

4-12-last-tango-in-paris-rape1

На интернет сега се појави видео од телевизискиот настап на режисерот Бернардо Бертолучи, а кој две години по смртта на актерката Шнајдер изјавил дека легендарната сцена на силување, која вклучувала парче путер, воопшто не била одглумена, туку реална.

Тоа Марија Шнајдер неколкупати пред својата смрт во 2011 година го зборувала, но за нејзините наводи дека спорната сцена воопшто ја немало во сценариото на филмот никогаш, досега, не зборувале ниту Марлон Брандо, ниту режисерот Бернардо Бертолучи. Во видеото Бертолучи јасно истакнува дека „бил грозен кон Марија“, бидејќи не ѝ рекол што точно во клучната сцена ќе се случи, а сè само затоа што сакал да се „почувствува понижена и тоа не како актерка, туку како жена“.

4-12-last-tango-in-paris-rape2

Тогаш 19-годишната Марија Шнајдер, како што самата неброено пати подоцна изјавила, во текот на снимањето на филмот чувствувала дека сите ја третираат како секс-симбол, а не како актерка, и дека идејата, сцената на силување да се сними иако не била во сценариото, била на Марлон Брандон, еден од најголемите холивудски суперѕвезди, кој тогаш имал 48 години.