Швајцарско си е швајцарско: Barefoot чорапи – поцврсти и од челик (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За најголемиот дел од луѓето чорапите се само заштитен слој (честопати склон на правење „компир) што ќе направи да се чувствувате попријатно во вашите обувки. За среќа, така не размислуваат луѓето од швајцарската компанија Barefoot company, кои измислија чорапи кои во буквална смисла се посилни и од челик.

Швајцарската компанија Barefoot company успеа да ги произведе најиздржливите чорапи на светот наречени Free your feet (FYF). Замислата на дизајнерите била да се произведе минималистички производ кој ќе биде доволно силен и отпорен на сите можни предмети или сценарија кои ве спречуваат да спортувате боси како што се: камења, дрва, карпи, песок, вода… Во суштина ваквите чорапи се еден вид обувки бидејќи нудат речиси комплетна заштита од надворешните влијанија а во исто време ви даваат чувство како да сте боси.

FYF се изработени од вештачкото влакно Dyneema кое е пронајдено уште во 1960 година од страна на хемичарот Алберт Пенингс. Покрај тоа што е познато како најсилното влакно во светот ова вештачко влакно е дури 15 пати посилно (поиздржливо) од челикот. Комплетниот процес на изработка на овие чорапи станал реалност откако компанијата преку Кикстартер фондовите успала да собере преку 300.000 долари.

Досега FYF се тестирани на треил трчање, трчање на асфалт, едрење, болдеринг, нуркање, пешачење по карпи и одбојка на плажа. Чорапите нудат речиси 100% заштита, а во исто време се совршено меки и удобни. Покрај сето ова тие имаат и заштите слој изработен од таканаречен хидрофобичен материјал кој ја одбива водата од внатрешните слоеви и брзо ги суши.

Сепак FYF чорапите не се 100% перфектни. По сите завршени тестирања заклучокот е дека чорапите не се отпорни на остри предмети во форма на игла како што се на пример морските ежови. Од компанијата уверуваат дека сè уште постои простор за напредок во технолошката изработка со што и овој проблем би бил надминат.

Моменталната цена на FYF чорапите е 80 долари по пар.

Извор: Karas4Training