Home Шоубизнис Фатена во акција со јазикот: Со кого Адријана Лима се бакнуваше јавно?

Фатена во акција со јазикот: Со кого Адријана Лима се бакнуваше јавно?

Бразилскиот супермодел и една од ангелските убавици на Victoria’s Secret, беше фатена во живо на романтична вечера со бејзбол играчот Мет Харви.

Парот во средата вечераше во елитен ресторан во Мајами, каде беа и снимени како разменуваат бакнежи и нежности на масата.

Мет е познат по љубовните врски со манекенки, додека Лима отсекогаш ја привлекувале спортисти. Неодамна ја раскина врската со Џулиан Еделман, играч на американски фудбал, а пред тоа беше мажена за Марко Јариќ со кого има две деца.

Извор близок на манекенката за E! News тврди дека 35-годишната убавица моментално само се забавува, а дека е целосно фокусирана на работата и семејството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кој останува во „Вирџин Ривер“? Што се знае за актерската екипа во осмата сезона

„Вирџин Ривер“ ќе продолжи со осма сезона по неколкуте неизвесни пресврти, но сè уште не е…