Што ти значи принудно седење дома: Кина го зголемила бројот на своето население во 2020 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Статистичките податоци на официјалните кинески служби велат дека во 2020 година населението во Кина се зголемило за 0,83 проценти на годишно ниво до 1,41178 милијарда, соопшти Државната служба за статистика на земјата.

Во 2019 година, населението на земјата изнесувало 1,40005 милијарди луѓе.

Според објавените статистички податоци, во Кина има приближно 723,34 милиони мажи и 688,44 милиони жени. Околу 63,35 проценти од населението се луѓе на возраст од 15 до 59 години, а околу 18,7 отсто се над 60 години. Уделот на граѓаните нa возраст до 14 години е 17,95 проценти.

Како што стои во документот, учеството на урбаните жители во Кина е 63,89 проценти, што е за 14,21 процентни поени повеќе отколку во 2010 година.