Што прават тие двајца повторно заедно?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Своевремено најпопуларната холивудска и шоубизнис љубовна двојка ја обнови нивната романтична врска. тврдат светските медиуми.

Набрзо откако светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ја раскина веридбата со Алекс Родригез, а популарниот актер патеше по Ана де Арамис, некогашните свршеници ја обвновиле романсата.

Во светските медуми како бобма одекна веста дека Џеј Ло и Бен Афлек, 17 години по раскинувањето на свршувачката се фотографирани заедно. Не само што се видени заедно , туку тие се „фатени“ при враќањето од романтичниот викенд во Монтана.

Медиумите објавија екслузивни фотки од латино ѕвездата и актерот. Бени Џеј Ло се фотографирани во автомобил, потоа како носат торби во близина на еден приватен аеродром во Лос Анџелес, „Пипл“ објави дека тие минале заедно неколку дена.

-Тие имаат силна врска. Беше прзо и интензивно, но Џенифер е среќна, изјавил анонимен извор близок до двојката за медиумите.

Бен и Џеј Ло се свршија во далечната 2002 година. Во 2003 година требаше да се венчаат но тоа не се случи.

Венчавката била одложена само неколку дена пред закажаниот термин, следната година Бен и Џенифер официјално ја прекинаа врската.