Што е поважно за слабеењето – исхраната или вежбањето?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И оваа година истата приказна. Саката да ги симнете неколкуте вишок килограми, а рецептот веќе го знаете напамет: „Храни се правилно и вежбај“.

Но, која од овие две работи ќе направи поголема разлика во тоа настојување? Дали за слабеење е поефикасно да одите четири пати неделно во теретана или да јадете салати наместо чипс?

За Филип Стенфорт, професот на тексашкиот универзитет и извршен директор на тамошниот институт за физичка култура, нема двоумење.

„Кога станува збор за слабеењето и симнувањето вишок килограми, анализите покажаа дека исхраната игра многу поголема улога од вежбањето“, вели тој за Science Alert.

Еве зошто: Вежбањето бара време и постојан труд и потребен е поголем временски период за да се видат резултатите. „Покрај тоа, со вежбање се трошат помалку килограми отколку што си мислат луѓето3, додава професорот Стенфорт.

Од друга страна, во нашата исхрана има многу намирници богати со шеќер, масти и калории, од кои можеме да се откажеме и релативно брзо ќе се види и промена во физичкиот изглед на телото.

„Морате да испешачите 56 километри за да потрошите 3.500 калории. Тоа е многу одење. А едно чоколадо има, отприлика, 500 калории. Многу полесно е да го прескокнете чоколадото отколку да испешачите осум километри“, објаснува Стенфорт.

Науката го потврдува она што го кажува споменатиот професор. Големото истражување направено на повеќе од 3.000 луѓе, објавено пред неколку години во списанието American Journal of Clinical Nutrition, покажува дека исхраната со помалку калории е поефикасна во слабеењето од вежбањето.

Но, важноста на физичките вежби доаѓа подоцна. Друга студија покажа дека луѓето кои ќе успеат да ги симнат вишокот килограми, таквата форма и тежина можат да ја задржат со редовно вежбање. Покрај тоа, вежбањето го подобрува и расположението, а му помага на организмот и подобро да се носи со стресот, депресијата и тегобите.

Значи, ако сакате ефикасно да ги симнете вишокот килограми во 2018 година, најпрвин размислете за промена на начинот на исхрана, а потоа и за вежбање.