Шпанските медиуми тврдат: Тато му го договорил трансферот на Нејмар во ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека таткото на Нејмар го договорил трансферот на својот син во ПСЖ.

Иако од Барселона порачуваат дека Бразилецот не е на продажба, малку кој верува дека ќе одолее на понудата од 220 милиони евра.

Доколку најавите се остварат, трансферот ќе биде најголемиот во историјата на фудбалот, а Нејмар ќе стане најплатениот играч во светот со годишна плата од 40 милиони евра.

Според најавите Барселона во тој случај ќе се обиде на „Ноу Камп“ да ги донесе Марко Верати и Килијан Мбапе.