Шок во бриселско метро: Ја турна жената на шините додека возот пристигнуваше на станицата (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Млад човек намерно ја турнал една жена на шините на метро станицата, но за среќа возот успеал навреме да застане. Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 19:45 часот на метро станицата Рожие во Брисел.

На жената веднаш ѝ помогнале луѓе кои случајно се нашле на станицата на метрото во тој момент, потврдија од СТИБ, јавното транспортно претпријатие во Брисел.

„Возачот добро реагираше, но тој е во шок, како и жртвата“, изјави за Brussels Times портпаролот на STIB, Ги Саблон.

На снимката од надзорната камера се гледа како насилникот оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади на шините. Други луѓе кои стоеја на платформата ѝ помогнаа да се качи од шините и да се врати на платформата.

На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош. Жената и возачот на метрото се пренесени во болница, а откако им била укажана потребната нега, пуштени се дома.

Насилникот избегал, но во меѓувреме е уапсен, потврдија во саботата наутро од Јавното обвинителство на Брисел. Тој бил сослушан од истражен судија и приведен за убиство во обид. Истражниот судија назначил психијатриско вештачење да ја провери неговата состојба.