ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат нови членови на Комисијата за заразни болести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Либерално демократската партија бара доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски да бидат нови членови на Комисијата за заразни болести.

– Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачуваат од ЛДП.