Шампионската титула која ја освоија Лејкерс ЛеБрон му ја посвети на Коби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во годинешното големо НБА финале Леброн Џејмс 17 титула на ЛА Лејкерс му ја посвети на легендарниот Коби Брајант.

Во годинешното финале Лејкесри со 4-2 во победи го поразија Мајами и ја обезбедија17 титула во историјата на клубот со што се израмнија по бројот на освоени титули во најтрофејниот клуб во НБА Бостон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

За жолтите од Лос Анџелес овој шампионски пехар има огромно значење поради фактот што е освоен во годината во која загина легендарниот предводник на Лејкерси Коби Брајант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Леброн Џејмс по големото финале го подигна и трофејот за најкорисен кошаркар на финалната серија (МВП) . Тој 17 титула му ја посвети на својот покоен идол и пријател големиот Коби.

Леброн на Инстаграм напиша:

„Се надевам дека си горд, Брате мој, те сакам и ми недостасуваш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Коби Брајант инаку со Лејкерси освои пет шампионски прстени во најсилната светска кошаркарска лига.