Се вика Tuatara и има план да ги „издува“ Koenigsegg и Bugatti


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Tuatara е чедо на Shelby Super Cars со матична земја САД. Пред првите испораки автомобилот излезе на патеката и покажа колку е лесно да се забрза. Не е ни чудо, затоа што под капакот има 5,9 V8 битурбо мотор што испорачува до 1.750 КС со гориво E85.

Првото прашање е дали може да вози побрзо од Bugatti Chiron Super Sport 300+, кој се движи 490,484 км на час. Ако успее, последната пречка ќе му биде Koenigsegg Jesko Absolut, што би можел да стигне и над 530км / ч. И, треба да се избере соодветна патека , затоа што е тешко да се најде доволно долга делница со соодветен квалитет на подлогата за да се сруши таков рекорд.

Американскиот производител планира да направи 100 примероци од овој модел, со почетна цена од околу 1,6 милиони долари.