Фото: Сопругата на Коби најде неотворено писмо од славниот кошаркар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот кошаркар на Лејкерс, објави на Инстаграм фотографија од неотворено писмо од Коби Брајант.

Таа го отвори да го прочина на 5-ти мај, нејзиниот роденден.

„Вчера најдов плик адресиран до: Љубовта на мојот живот. Од, Коби. Чекав да отворам уште едно писмо на мојот роденден. Тоа ми даде причина да се радувам за денот“

„Иронијата е во тоа што Коби ја стави во мојата слика со ангел што ме држи. Ми недостасува љубовта на мојот живот и мојата слатка мала Мамацита. Благодарна сум што се разбудив денес со моите три слатки девојки. Посакувам сите да бевме заедно“, напиша Ванеса на Инстаграм.

На 26 јануари 2020 година, петкратниот шампион во НБА, Коби Брајант, почина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана.