Самсунг, Мајкрософт и Епл со реакции по објавата на Викиликс за прислушувањата на ЦИА


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неколку технолошки компании, чии производи наводно биле хакирани и користени за шпионажа од Американската Централна разузнавачка агенција, ги соопштија своите први реакции.

Викиликс објави илјадници документи кои детално ги опишуваат алатките за хакирање на ЦИА. Тие наведуваат дека ЦИА развивала начини како да прислушува преку паметните телефони и телевизори.

Реакцијата на компанијата Епл е најдетална, од каде велат дека веќе воочиле дел од пропустите.

Технологијата што е вградена во денешните Ајфони претставува најдобрата безбедност на податоци достапна за потрошувачите и ние постојано работиме да остане така, се вели во соопштението.

Нашите производи и софтвер се дизајнирани така што корисниците брзо добиваат ажурирања за безбедност и 80 отсто од корисниците ја имаат последната верзија на нашиот оперативен систем. Првичните анализи покажуваат дека многу од работите кои протекоа се веќе средени во последната верзија на оперативниот систем, ние ќе продолжиме да ги идентификуваме слабостите, стои во реакцијата на Епл.

Самсунг, чија серија на телевизори (F8000) беше спомената во документите за наводно шпионирање преку УСБ конекција и шема развиена со британската агенција за разузнавање, одговори пократко.

Заштитата на приватноста на клиентите и безбедноста на нашите уреди е приоритет на Самсунг, се вели во нивното соопштение. Ние сме запознаени со извештајот и го разгледуваме проблемот.

Ист гласи одговорот и од Мајкрософт, кои во протечените документи беа споменати во делот дека ЦИА создала малвер за да го хакира нивниот оперативен системи за компјутери.

Од Линукс не се изненадени, бидејќи како што изјави Нико ван Сомерен, раководител на технолошкиот оддел, Линукс е широко користен оперативен систем, со огромна база инсталирана низ целиот свет. Од Гугл, пак, одбија да коментираат.

ЦИА се уште не потврдила дали документите се вистински, за кои Викиликс тврди дека се направени во периодот од 2013 до 2016 година. Но, соопшти дека Американците треба да бидат загрижени за безбедноста по објавувањето на доверливите документи.

Портпаролкана на агенцијата, Хетер Фрик Хорнијак, изјави дека ЦИА нема да ја коментира автентичноста на документите, ниту нивната содржина. Според Хорнијак, тоа не само што може да ги загрози Американците и агентите на ЦИА, туку можат да бидат искористени тие информации со цел да се загрози националната безбедност на САД.