Home Вебкафе Резиденција од 1 милијарда долари – Google ќе гради ново седиште во Њујорк

Резиденција од 1 милијарда долари – Google ќе гради ново седиште во Њујорк

Технолошкиот гигант Google најави дека ќе инвестира повеќе од една милијарда долари за изградба на нивното ново седиште лоцирано во Њујорк.

Планот на Google за проширување е најавен , откако и компанијата Amazon најави слична инвестиција во Њујорк. Новото седиште ќе се изгради на 158.000 квадратни метри и ќе има две згради на улицата Хадсон , како и деловен центар на Менхетн на Вашингтон Стрит.

Во новото седиште на Google ќе биде сместен маркетиншкиот оддел за продажба.

Се очекува двете згради на улицата Хадсон да бидат завршени во 2020, а деловниот простор на Менхетн во 2022 година.

Моментално во седиштето на Google во Њујорк има над 7.000 вработени , а со проширувањето се очекува бројот да се зголеми повеќе од двојно.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…