
Рос Линч ги отстрани фотографиите со поранешната девојка Џез Синклер од својот профил на Инстаграм, откако обожавателка му укажа дека тие сè уште се јавно достапни.
Триесетгодишниот актер, познат по улогите на Дизни канал, неодамна потврди дека тајно се оженил, но идентитетот на неговата сопруга и натаму не е познат. Тој објасни дека таа не е јавна личност и сака да ја зачува приватноста, па засега не планира да објавува за неа.
Корисничката на ТикТок @marjoahh забележала дека фотографиите со неговата поранешна девојка сè уште се на Инстаграм и снимила кратко видео во кое со насолзени очи гледа во камерата.
„Рос Линч веќе има сопруга, а СÈ УШТЕ не ги избришал фотографиите со Џез од Инстаграм“, напишала таа на видеото.
Во описот додала: „Плачам затоа што сум во лутеалната фаза од циклусот. Не затоа што ситуацијава е тажна“.
Видеото стигнало и до Линч, кој ѝ одговорил во коментар.

„Немав поим. Фала што ми укажа. Ги избришав“, напишал тој.
Внимание на социјалните мрежи привлече и неговиот дополнителен коментар: „Исто така, не сум ‘МАГА’“. Со тоа Линч јасно стави до знаење дека не ги поддржува Доналд Трамп и неговата администрација.

Линч и Синклер се запознале на снимањето на серијата на Нетфликс „Застрашувачките авантури на Сабрина“.
Првите информации дека се во врска се појавиле откако неговата сестра објавила видео на кое тие се бакнуваат за новогодишната ноќ во 2018 година.
За нивната разделба беше објавено во јуни 2023 година, откако Линч зборуваше за „скршено срце“ на еден од концертите со својот бенд „Драјвер ера“.

Извор: Just Jared