Вебкафе

Ретко виден феномен: Куќа на езерото Онтарио буквално цела замрзна

Поради исклучително ладното време во државата Њујорк, една куќа лоцирана на брегот од езерото Онтарио во целост замрзна под влијание на екстремно ниските температури.

Локалните фотографи се собраа околу куќата на езерото за да ги направат некои од најубавите фотографии. Но, на социјалните мрежи многу корисници се скептици за веродостојноста на фотките од оваа замрзната куќа, пренесува BBC.

Фотографот Џон Куко изјави дека „изненаден е колку луѓе мислат дека тој всушност распрскал некаков вид на пена по куќата“, поради што објави и видео снимка како доказ за реалноста на ситуацијата.

За ВВС тој изјави дека замрзнатата куќа ја пронашол откако локалното населенио до околината на Онтарио му кажало каде се наоѓа. Поради падот на температурата, минатата седмица голема бура буквално прикова десетина куќи во овој дел од државата Њујорк.

Многу мештани веќе неколку дена се без струја, а глетката од замрзнати клупи, дрва и автомобили се чести сцени на улиците.

To Top