Ретка појава: 40 тона тежок кит снимен како целосно изрипува од водата (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Енормно голем возрасен примерок од кит овој месец беше снимен како целосно изрипува од водата во близина на југоисточниот брег од Јужна Африка.

Масивниот кит прописно успеа да го извлече во скокот од водата целото свое тело, како што тоа го прават делфините.

Импресивната сцена на камера беше фатена од „скуба“ нуркачот Крег Кејпхарт и посведочена од тројца други нуркачи на неговиот брод. Ова е навистина ретка појава, а уште поретко и снимена со камера.