Реален пекол пренесен на филм: Хорор филмови базирани на вистински настани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


(Авто)биографските филмови обично секогаш предизвикуваат големо внимание во јавноста, а добиваат на „тежина“ и кај критиката поради тоа што пренесуваат автентични и вистинити случки и приказни од реалноста.

Истите најчесто се категоризираат во жанрот драма или евентуално акција (ако станува за некој филм со воена тематика). Но, дали сте знаеле дека дел од филмските хорор класики кои секогаш ви будат ужас и ве наежуваат кога ќе ги гледате се базирани на вистините настани?

Следните приказни ќе ве уверат дека некогаш реалноста знае да биде пострашна од фикцијата.

The Dentist

После гледањето на овој филм, одењето на стоматолог ќе ви изгледа пострашно од било кога. Филмот е создаден според вистински настан чија приказна е инспирирана од стоматолог кој се испоставило дека е сериски убиец.

The Exorcist

Во филмот се работи за реалните случувања во животот на Роланд До, момче на кое егзорцизмот е успешно изведен и кое продолжило со живеење на нормален живот.

Deranget

Дали сте се вљубиле во некој толку што сте посакале да го чувате дури и по неговата смрт? Филм кој е инспириран од серискиот убиец Еди Гејн за чии бизарности и ден денес се зборува.