Реал спреми 200 милиони за Нејмар – еве кога почнува офанзивата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Марка“, весник кој е близок до Реал Мадрид, „кралевите“ спремиле 200 милиони евра и сакаат следното лето да го донесат Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кралскиот“ клуб внимателно го анализира пазарот и статусот на неколку врвни играчи, бара погоден момент за ангажман на Нејмар кој би требало да биде „мотор“ на Реал во наредните неколку сезони.

Со оглед на падот на формата на Роналдо и неговоте години, Бразилецот би бил главна ѕвезда кај Мадриѓаните.

Раководството на Реал смета дека нема смисла да се потрошат 150 милиони евра на добар, но не врвен фудбалер. Поради тоа сака да го донесе еден од најдобрите, и нема да жали пари за тоа.

Минатото лето Реал се обиде да го донесе Килијан Мбапе, но родителите на францускиот талент преферираа тој да остане во Франција, па на крајот заврши во ПСЖ.

„Марка“ пренесува дека Нејмар е главната мета на „кралевите“ и сигурно ќе се обидат да го донесат уште слдното лето, а за тоа веќе спремиле 200 милиони евра.