Вучиќ: Во Србија нема странците да одлучуваат, како што прават во една соседна земја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија како држава е мала и дека мора да одржува добро односи со големите сили, но дека не смее да потклекне пред сите барања и дека мора да укажува на двојните аршини.

Тој кажа дека атмосферата во која што се води политиката не е лесна, а доколку Србија потклекне пред барањата на странците, како во „некои од околните земји“, тоа нема да има смисла.

– Доколку други ни одлучуваат, како што имате примери во некои околни земји, кој да биде обвинител, а кој судија, кога тие ќе бидат независни од народот, но зависни од нив, тогаш тоа веќе нема никаква смисла. Ние треба да градиме независни институции, но тие да бидат независни и од западните земји, рече Вучиќ.

Тој кажа дека во сабота ќе се знае конечната одлука дали со изборите во Белград во Србија ќе се одржуваат и вонредни парламентарни избори.