Раскошниот живот на „Пустинската роза“ – ужива среде пеколот во Сирија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некој реши да суди и да добие впечаток за Сирија според Инстаграм профилот на сопругата на Башар ал Асад, сириската прва дама Асма, ќе си помисли дека таму тече мед и млеко, додека реалноста на улиците е дијаметрално поразлична.

Видеоснимки од претседателската палата, скапа и луксузна облека, скапи обувки и егзотични патувања – така некако изгледа приватниот живот на Асма, која со Башар се омажи во 2000 година на тајна церемонија, кога таа имаше 25, а тој 35 години и со него има три деца. Ништо од впечатокот што го остава на социјалните мрежи и во реалниот живот не укажува дека во таа земја веќе седум години беснее крвава граѓанска војна.

Асма, која уште ја нарекуваат „Прва дама на пеколот“ и „Пустинска ружа“, е родена во Велика Британија, а судејќи по фотографиите што ги објавува за нејзините 230.000 следбеници, кој не ја знае, тешко дека би помислил оти таа живее во Сирија.

Кога Асма се омажи за Башар во 2000 година, светот ја обожаваше. Ѝ даде на Сирија ново светло, а народот ја нарекуваше „принцезата Дијана на Блискиот Исток“.

Но, јавноста почна да го менува ставот за „Пустинската роза“ во 2012 година кога во документите што ги објави Викиликс беше откриено дека дала 350.000 долари за 130 нови парчиња мебел во време кога во земјата веќе неколку години жареше крвава граѓанска војна.

Во мејловите исто така беше откриено дека купила чифт чевли со кристални потпетици вредни 7.000 долари и барала да бидат пратени преку Дубаи за да ги избегне санкциите што веќе ѝ беа наметнати на Сирија.

Се проценува дека ултрамодерната претседателска палата изградена во 1979 година под дизајнерската палка на јапонскиот архитект Кензо Танге, чинела над 1 милијарда долари. Во еден текст објавен во 1989 година се тврди дека само една соба е обложена со 125.000 мермерни плочки во вредност од 10,6 милиони долари.

Асма ал Асад е родена во 1975 година во Лондон. Нејзините родители се суни миуслимани со потекло од Хомс. Завршила на Кралскиот колеџ и има дипломи за информатика и француска книжевност. Работела во банкарската индустрија, а најистакната функција имала во „Дојче банк“ како аналитичар за хеџ фондови.