„Расипничката“ од Азербејџан – прва „жртва“ на законот за потекло на имот и богатство во Британија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот закон кој го донесе Велика Британија, а кој може да се нарече Закон за потекло на имотот и богатство, ги обврзува сите жители на оваа земја кои поседуваат над 50.000 евра материјална сопственост да го докажат потеклото на истите и начинот на кој се стекнати.

Според овој закон, секој со средства над 50.000 евра е должен да докаже дека ги стекнал со „чесна работа“.

Прва жртва на законот стана 56-годишната азербејџанка, која има стартус во Британија на „политички имигрант“ . Замира Ширали Кизи Хаџијева, сопруга на поранешниот извршен директор на Азербејџанската меѓународна банка ,Јахангир Хаџи, кој отслужува 16-годишна затворска казна во родната земја, според судските документи, проневерил околу две милијарди евра.

Замира Хаџи се преселила во Лондон, откако станала наводна жртва на киднапирање во Баку, од тогашниот началник на криминалната полиција на Азербејџан. Високиот апелационен суд во Лондон сега ги конфискуваше нејзините средства и ги замрзна сметките затоа што не им било јасно на Британците како можела да стекне толку многу богатство иако не работела, додека платата на нејзиниот сопруг, иако огромна – околу 70.000 евра (пред да заврши зад решетки), не можела да ги покрие трошоците на нејзиниот раскошен начин на живот.

Секако, таа има околу една недела да докаже од каде и се милионите и уште еден месец да потврди дека нејзиниот сопруг и таа се жртви на политички прогон во Азербејџан. Во спротивно, имотот ќе се продава на аукција и средствата од продажбата ќе завршат во буџетот на Велика Британија. Се чини дека тоа е точно исходот што се очекува.

Азербејџанските власти бараат нејзина екстрадиција токму поради исчезнатите средства. Замира Хаџи живее во Лондон од 2006 година, а за британската Национална агенција за криминал (НЦА) станало сомнително што во својата прва деценија во Лондон, до 2016 година, само во стоковната куќа Хародс за поголеми и помали работи потрошила повеќе од 17 милиони евра.

Таа користела 53 кредитни и дебитни картички, од кои 35 биле издадени од банката на нејзиниот сопруг. Покрај тоа, таа оставила неколку милиони евра во разни европски продавници. На пример, за еден ден потрошила повеќе од 150.000 евра на накит и часовници Бушерон, а во друга прилика, таа потрошила 100 000 евра на производите на Картие.

Според британските медиуми, таа трошела околу 4.000 евра на ден во последните десет години. Замира била толку слаба на стоковната куќа Хародс, што купила куќа со пет спални во лондонскиот приградски град Најтсбриџ за околу 12 милиони евра (преку сметка на британските Девствени Острови) за да се доближи до стоковната , која била во близина . За ублажување на носталгијата кон Азедрбејџан, таа го купила голф клубот „Мил Рид“ на 170 хектари во Источен Беркшир, во близина на градот Аскот, за околу 11 милиони евра. За да патува побрзо низ Велика Британија и Европа, Замира Хаџи потрошила и 42 милиони евра на авионот Gulfstream G550.