Има Македонци меѓу заглавените патници: Зголемен бројот на заразени од коронавирус на јапонскиот туристички брод


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со дополнителните десет патници со позитивни тестови за заразеност од коронавирусот, бројот на заразени кои се наоѓаат на јапонскиот туристички крстосувач од опасниот вирус се зголеми на 61. Вкупно 3.700 патници, меѓу кои и тројца Македонци, остануваат заробени во карантин на бродот кој е закотвен во пристаништето Јокохама.

41 нов пациент ќе бидат пренесени во медицинските установи во префектурите Токио, Саитама, Чиба и Шизу Ука, како и Канагава.

Бројот на жртвите од епидемијата на коронавирусот во кинеската провинција Хубеи достигна 630, откако уште 69 лица починаа во последните 24 часа како последица на вирусот, пренесе кинеската државна телевизија.

Телевизијата наведува дека само последниот ден во провинцијата во која и се откри жариштето на новиот тип на коронавирусот биле регистрирани нови 2.447 заразени лица.