Екстра

Рај на земјата: Ова се петте најубави плажи во светот! (видео)

Ни доаѓа летото и сите размислуваме на која плажа ќе се одмараме оваа година. Поради тоа ви ги претставуваме најневообичаените и најубавите плажи на светот, кои сигурно ќе ве воодушеват.

Сокриената плажа

Плажата на љубовта на Мариета островите во Мексико има, всушност доста насилно минато. Формирана е во периодот кога мексиканските власти тестирале бомби и направиме огромна дупка во внатрешноста на карпата. Денес таа е една од најинтересните туристички дестинации во тоа подрачје.

Блескавата плажа

Замислете ѕвездена ноќ и океан пред вас. Да, така изгледа оваа плажа на Малдивите. На плажата се наоѓаат многу фитоплантони кои светат кога се вознемирени, што ја прави нејзината убавина.

Плажата со врела вода

Заборавете на џакузи и базени. Замислете топла купка со подводни врела – поглед кој ќе ве затекне кога ќе дојдете на новозеландскиот полуостров Коромандел. Водата е загрената на некои места и до 60 степени целзиусови.

Зелена плажа

Можеби на прв поглед се чини како таа плажа да е прекриена со мов, но тоа е всушност бојата на песокот на Папоколеа плажата на Хаваите. Како настанала зелената боја? Блискиот вулкан произведува зелен минерал на олово кој допира до самата плажа и таа е една од четирите зелени плажи во светот.

Пустинска плажа

Ако сте мислеле дека пустините се сместени само на суви предели, тогаш сигурно немате слушнато за националниот парк Ленсоис Маранхенсес во Бразил. Секоја година, билни дождови го поплавуваат националниот парк што резултира со прекрасни лагуни со бел песок. Ако сакате да ја посетите, најдобро време за тоа е од мај до септември. Тогаш во водите може да се видат и риби.

To Top