Home Актуелно Голем шумски пожар во Португалија – 57 загинати (видео)

Голем шумски пожар во Португалија – 57 загинати (видео)

Во голем шумски пожар што ја зафати Португалија, животот го загубија најмалку 57 луѓе, соопштија властите.

Повеќето загинале обидувајќи се да побегнат од регионот на Лериа во центарот на Португал, при што биле фатени во огнена стапица во нивните автомобили.

„Ова е без сомнение најголемата трагедија што се случила во шумските пожари”, со многу емоции изјави португалскиот премиер Антонио Коста.

Португалија е зафатена од топлотен бран и температури кои вчера во некои региони поминаа и 40 степени. Во текот на ноќта низ цела земја имаше пријавено 60 пожари. Ангажирани се 1.700 пожарникари а соседната Шпанија помага со свои канадери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…