Прво интервју на Болдвин после трагедијата на снимањето на „Rust“ – низ солзи порача дека не е виновен за смртта на Хачинс (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот холивудски актер Алек Болдвин во неговото прво детално интервју за „ABC“ за снимањето на филмот „Rust“ после трагедијата со револверот која се случи за време на снимањето на една од сцените, заплакал одговарајќи на прашањата зошто го вперил пиштолот во Халина Хачинс.

Болдвин му признал на водителот Џорџ Стефанопулос дека нема што да крие и не чувствува вина поради инцидентот.

„Некој е одговорен за она што се случи“, вели Болдвин. „Не можам да кажам кој е тоа, но знам дека не сум јас“.

Хачинс беше убиена на снимањето на вестерн филмот „Rust“ на 21-ви октомври откако ја погодил куршум додека се подготвувала за сцената. Болдвин седел на клупа во црквата на ранчот Бонанза Крик во Њу Мексико и во рацете држел Колт 45. На актерот му било кажано дека пиштолот е „ладен“ (сигурен за употреба), што значи дека содржел само лажни куршуми. Открил дека му требало доста време за да сфати дека Хачинс е погодена со вистински куршум.

Болдвин во интервјуто вели дека не го повлекол чкрапалото непосредно пред пиштолот да испука. Исто така нагласил дека самата Хачинс го упатила во која насока да го впери оружјето додека таа го поставувала аголот на камерата.

„Сè се одвиваше по нејзини инструкции“, вели актерот. „Го држев пиштолот онаму каде што ми кажа да го држам, а на крајот беше вперен точно под нејзиниот пазув“.

Хачинс била итно префрлена со хеликоптер во болница во Албакерки, каде починала подоцна истиот ден.

Болдвин е веќе 2 пати тужен, а и останатите продуценти на филмот се именувани во тужбите врз основа на теоријата дека ангажирале неискусни членови на екипата за да ги намалат трошоците. Болдвин бил продуцент, но нагласил дека тоа не значи дека тој бил одговорен за најмување на екипа или надгледување на продукцијата.

Меѓутоа, не очекува дека ќе се соочи со кривични пријави.

„Стручни луѓе ми кажаа дека мала е веројатноста дека ќе бидам обвинет за било што кривично“, вели Алек Болдвин.

Тој ја изразил својата тага поради смртта на младата камерманка и своето чудење како на сетот на филмот се нашол вистински куршум.

„Постои само едно прашање кое треба да се реши. Само едно. А тоа е: Од каде дошол куршумот?“, вели актерот.